По оставката на Иван Иванов од местото директор на КЈП „Водовод“ – Кочани на синоќешната седница на ОК ВМРО ДПМНЕ – Кочани одлучено е да за нов директор на КЈП „Водовод“ – Кочани се именува Антонио Паунов.
Според првите информации се работи за наш сограѓанин по професија машински инженер со завршени Шефилд студии во Солун.
Работел во повеќе држави низ светот а моментно е вработен како Комунален инспектор во Општина Горче Петров во Скопје.
За во понеделник во просториите на комуналното претпријатие е закажано примопредавање на функцијата директор на КЈП „Водовод“ – Кочани.
С. Ивановски