АПЕЛ ДО СОВЕТНИЦИТЕ ЗА ЕДИНСТВО ВО ИНТЕРЕС НА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО

август 30, 2022
1 min read

Утре (Среда) Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 16-тата седница на која освен Дневниот ред пожелно би било да се разгледа и можноста за поставување надзорни камери на најфреквентните улици во Централното градско подрачје, со можност во одредени рокови да се прошири и на територијата на целиот град.

Сведоци сме на брзо возење кое го загрозува сообраќајот, сведоци сме ноќни трки низ градот во доцните вечерни часови, сведоци сме на кражби, насилничко однесување, на безброј измами, сведоци сме на вандализам врз општествениот и приватниот имот, па затоа и време е тоа еднаш за секогаш да престане.

Апелираме до советниците дека време е политичките предрасуди да ги стават на страна кога се работи за доброто на оние кои ги изгласаа и ги ставија во удобните столчиња.

Апелираме на единство во донесување на одлука за поставување надзорни камери со што колку-толку ќе биде заштитено населението а и сторителите ќе бидат на време откриени.

Почитувани Советници, време е да ги заштитите оние кои ве гласаа. Доколку и овој пат ги игнорирате вашите гласачи Вие советниците ќе бидете  соучесници во сето она што ќе го загрозува населението а и  нашата општина.

Време е да ја сфатите оваа добронамерна порака.

С. Ивановски