Како што не информира наш читател целта на неговиот допис е да надлежните најдат начин за да му се помогне на лице со посебни потреби од село Подлог.
Имено како што пишува пред извесен период на патниот правец Кочани – Облешево (стариот пат) во сообраќајка настрадало лице кое се движело по коловозот. Сега е ист случајот и со ова лице кое често и во доцните ноќни часови може да се види како се шета на самиот коловоз на патниот правец Кочани – Подлог.
Во текот на вчерашниот ден само со присебност на еден од возачите избегната е сообраќајка со лицето.
Апелот е до надлежните служби да се заинтересираат за овој случај и додека е време да му се помогне на лицето уште денес, за да утре не биде веќе доцна.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ