АПЕЛИТЕ КОН НАСЛЕНИЕТО ПОЧНАА ДА ГИ ДАВАТ ПРВИТЕ РЕЗУЛТАТИ

февруари 10, 2022
0 минути

Веќе неколку дена околината кај поставените подземни контејнери си личи онака како што треба, апелите кон населението почнаа да ги дават посакуваните резултати.

Околу контејнерите нема расфрлано смет како што беше во првите месец дена од нивното поставување. Е сега дали причината се само апелите или и грижата на дел од населението кое живее во непосредна близина на поставените контејнери или пак како што се зборува кришум поставени камери кои ја снимаат околината на подземните контејнери, не е познато.

Што и да е причината, добро е. Фотографиите се направени во непосредна близина на паркинг просторот кај „Кулата“ во Градскиот трговски центар каде јасно се гледа среденоста околу контејнерите.

С. Ивановски