АПРИЛСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

април 27, 2023
1 min read

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовната априлска крводарителска акција наменета за граѓанството.

На акцијата крв даруваа 48 крводарители од кои 4 првократни и 10 млади дарители до 30 годишна возраст.

Акцијата е 7 –ма по ред што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.

Црвен крст-Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ