Во рамките на активностите за крпење на прекопи на улици, денеска се асфалтирани оштетените површини околу сливните решетки на трите локации на улицата „Страшо Ербапче“, со што сообраќајот по оваа улица се одвива нормално.
Изведувачот на работите „Коле транс инженеринг“ го санира оштетениот коловоз на улицата „Павлина Велјанова“, а во тек е и поправката на асфалтните површини на улицата „Маршал Тито“, кај Шопинг-центарот.
Општинските служби апелираат за внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација на локациите каде што има работа на патот.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ