All Posts By Славчо Ивановски

НОВИ ТРИ БОДА ЗА „ОСОГОВО“, НА ВРВОТ ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ

Денес се одиграа натпреварите од 17-тото коло во Втора Фудбалска Лига. Екипата на „Осогово“ со три бода освоени во Ресен се враќа дома. „Преспа“ и „Осогово“ одиграа цврст и неизвесен натпревар, а „жетварите“ со погодокот на Филип Димоски дојдоа до три нови бода и полека се зацврстуваат на едно од местата кое гарантира сигурен опстанок….

ОДРЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ КАРАТЕ ТУРНИР „63 АНГЕЛИ 2026“

Во организација на Карате Клуб „Партизан“  од Кочани а со техничка организација на Карате Федерацијата на Македонија денес во Спортската сала на ООУ „Никола Карев“ – Кочани, „Кочански ангели“ се одржа Меѓународен карате турнир „63 Ангели 2026“ во чест и сеќавање на настраданите во дискотеката „Пулс“ во Кочани пред речиси една година. На турнирот учествуваа…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Во врска со трагичниот настан – Пожар во Кабаре – Клуб „Пулс“ во Кочани, случен на 16.03.2025 година, се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица – посетители за време на настанот, дека во периодот од 02.03.2026 година (понеделник) до 06.03.2026 година (петок), од 09:00 до 18:00 часот, треба…

ОТВОРЕНА ХУМАНИТАРНА ДОНАТОРСКА ИЗЛОЖБА ВО СПОМЕН НА МЛАДАТА УМЕТНИЧКА САРА ЈОРДАНОВА

Вечерва во НУЦК „Бели мугри“ беше отвореа хуманитарна донаторска изложба „Трага во бесконечноста“ во чест и спомен на младата уметничка Сара Јорданова На настанот полн со емоции присуствуваа голем број роднини пријатели и другарки на Сара Јорданова. При отворањето на изложбата беше речено дека Сара беше личност со големо срце, неизмерна добрина и исклучително уметничка…

„БЕЗГРИЖНИ ГОДИНИ“ НОВА ПЕСНА НА ТОШЕ ФИЛИПОВ

Тоше Филипов не застанува кога се во прашање нови песни. Деновиве тој ја постави на You tube најновата негова песна „Безгрижни години“ Текстот, музиката и аранжманот се на Тоше Филипов, зад аудио проекцијата стои Марјан Стоименов Ѕика а видео предикцијата е на Фото „Луна“ од Кочани. Песната е лесно певлива и публиката со сигурно мошне…

ОДБЕЛЕЖАН 26. ФЕВРУАРИ, СВЕТСКИОТ ДЕН НА РАСКАЖУВАЊЕ БАЈКИ

ЈОУ Библиотека ,,Искра” подрачна библиотека во н.Оризари денеска го одбележа 26 февруари – Светскиот ден на раскажување бајки, со книжевна работилница ,,Во светот на бајките”. Во реализацијата наши соработници и учесници беа ученици од ООУ ,,Крсте П. Мисирков”-Оризари, под менторство на нивните наставнички. Еден ден претходно во весела атмосфера беа изработени подароци за учениците. Од…

ТРАЈНО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА СО КОЈ СЕ СООЧУВААТ ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛО ТРКАЊЕ

Започнаа работните активности за реализација на проектот со кој трајно ќе се реши проблемот со тешките товарни возила со кој подолг период се соочуваат жителите на населеното место Тркање. Со отпочнувањето на изведбените активности се прави конкретен чекор кон воспоставување на ново сообраќајно решение, кое ќе овозможи поврзување на м.в. Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен…

ФЕВРУАРСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ, СОБРАНИ 51 КРВНА ЕДИНИЦА

Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше редовната февруарска крводарителска акција. На акцијата крв даруваа 51 крводарител од кои 14 млади лица до 30 години и четворица првократни дарители. Акцијата е втора што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот…

АМБАСАДОРОТ НА АВСТРИЈА МАРТИН ПАМЕР ЈА ПОСЕТИ ОПШТИНА КОЧАНИ

Амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, ја посети Општина Кочани, при што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов. На средбата се разговараше за лекувањето и поддршката на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, за актуелната состојба во Кочани по трагичниот настан, како и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Посебен акцент беше ставен…

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ГОДИШНИНАТА ОД ТРАГИЧНИОТ НАСТАН ВО КОЧАНИ

Почитувани претставници на медиумите, почитувани  и ценети сограѓани, Во пресрет на одбележувањето на годишнината од трагичниот настан од 16 март 2025 година, Општина Кочани заедно со Организацискиот одбор составен од Здружението на граѓани „16 Март“, ОО на Црвен крст – Кочани, Црковниот храм „Св. великомаченик Георгиј“ ,ЈЗУ ОБ Кочани, советници и НУЦК „Бели мугри“, подготвивме …