ИО „ЛАСТОВИЦА“ НА ЛЕТЕН КАМП „ОХРИД 2024“
Успешно завршен уште еден летен извиднички камп „Охрид 2024“. И овојпат на кампот присуствуваа и со многу активности учествуваа иизвидниците од извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани. Кампот траеше од 1 до 7 јули. Откако беа сместени во шаторите, извидниците започнаа со активностите т.н. летни СИМски Олимписки игри, Спортските игри и Обуките на изучување на нови…
НА 10 ЈУЛИ ВО КОЧАНСКО – ВТОРО ПРСКАЊЕ ОД ЗЕМЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ
В среда, на 10 јули во вечерните часови (од 20 ч.), ќе се спроведе дезинсекциско третирање за заштита од комарци. Во втората фаза од запрашувањето од земја ќе бидат опфатени 300 хектари во градот Кочани и во селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третирањето ќе се изведува со воднорастворлив широкоспектарен…
СПРОВЕДЕНА ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД ШУМСКИ ПОЖАРИ
Викендов Територијалната противпожарна единица – Кочани, Доброволното противпожарно друштво – Кочани, Дирекцијата за заштита и спасување и Одделението за внатрешни работи – Кочани спроведоа заедничка акција за превенција и заштита од шумски пожари. На граѓаните што патуваа кон Пониква и кон браната Гратче им делеа информативно-едукативен материјал – Прирачник за заштита и превенција од пожари…
„ОСОГОВО“ СТАРТУВАШЕ СО ПОДГОТОВКИТЕ
„Осогово“ стартуваше со подготовките пред претстојното првенство во Втора Фудбалска Лига. Во саботата претпладне играчите на „Осогово“ предводени од Шефот на стручниот штаб Добримко Илиевски и неговите помошници го одработија првиот тренинг. Од клубот истакнуваат дека подготовките ќе бидат спроведени во Кочани а примарна цел е обезбедување опстанок во лигата но не како минатата година…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЕКИПАТА НА МАСИВ ДИЗАЈН УЧЕСНИК НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР
По претходно усно предупредување кон организаторите дека доколку не се обезбедат основни услови (поправка на теренот и присуство на овластен доктор со медицинско возило за интервенции) за продолжување на Петровденскиот турнир во мал фудбал ние ќе ја повлечеме екипата од истиот. На првата утакмица која ја одигра екипата на Масив Дизајн нашиот играч се здоби…
ПРЕТРЕС ВО КОЧАНИ, ПРОНАЈДЕНА ДРОГА, ПРИВЕДЕН ДИЛЕР
На 05.07.2024 во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Кочани, затоа што при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и пари. Соопштение на МВР КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТИ ОД НЕВРЕМЕТО ВО КОЧАНСКО НА 24. ЈУНИ ОВАА ГОДИНА
Општина Кочани на ден 04.07.2024 година објавува јавна ОБЈАВА за поднесување на пријава на штета од елементарна непогода (град) на земјоделско земјиште настаната на територијата на општина Кочани на 24.06.2024 година (продолжување на рокот за поднесување на пријави) I. Се информираат граѓаните кои имаат претрпено материјална штета на земјоделско земјиште на територијата на општина Кочани…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ
Вечерва, 5 јули 2024 година, од 20 до 22 часот, кракот што ги поврзува улиците „Маршал Тито“ и „Димитар Влахов“ кај Трговскиот центар, ќе биде затворен за сообраќај. На оваа локација ќе се снима спот што ќе ја афирмира нашата општина. Општина Кочани и „Аутовелт“ однапред ви благодарат за разбирањето и почитувањето на забраната за…
ПЕТРОВДЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР, СТАРТУВАА НАТПРЕВАРИТЕ И ВО ГРУПАТА „Б“
Се одиграа натпреварите од првото коло во групата „Б“ од годинешниот Петровденски Фудбалски Турнир. Натпреварот помеѓу екипите на „Але Дар Премиум“ и „Масив Дизајн“ донесе добар фудбал со доста возбудувања, за да по многу неизвесности на крајот славеше екипата на „Але Дар Премиум“ со 3:2. Во вториот натпревар екипата на „Естон Дизајн“ со одлична и…
КОЧАНИ – ОПШТИНА ОД СРЕДНО НИВО СПОРЕД АНТИКОРУПЦИСКИТЕ ПЕРФОРМАНСКИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ
На ранг-листата на остварувањето на антикорупциските перформанси во јавните набавки на единиците на локалната самоуправа, што по истражувањето и анализата ја објави Центарот за граѓански комуникации од Скопје, Општина Кочани со 58 % се најде во групата општини на средно односно жолто ниво. „Сметам дека треба да бидеме задоволни од позицијата на Општина Кочани во…