All Posts By Славчо Ивановски

ВО ПРВИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР НЕМАШЕ ГОЛОВИ

Денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани  второлигашите „Осогово“ и „Детонит Плачковица“ го одиграа закажаниот контролен натпревар. Истиот заврши без голови а тренерите на двете екипи ги внесоа во игра сите играчи кои во моментот им се на располагање. Во натпревар во кој сеуште се тешки нозете од базните подготовки, гледачите сепак видоа доста трчење,…

SUPPORT KOCANI: НА ИМЕ ПДД ЗА СИТЕ ТРИ РАСПРЕДЕЛБИ ДОСЕГА СЕ ИСПЛАТЕНИ ВКУПНО 2.274.285 МКД

Во рамки на заедничката сметка за донации преку Support Kocani која беше отворена по трагедијата, сите пристигнати средства се целосно распределени на лицата што беа директно погодени. Вкупно 142 лица потпишаа изјава за потреба од помош и беа вклучени во распределбата. Целиот процес беше спроведен со внимание, отчетност и во координација со засегнатите страни, со…

РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ-ВИНИЦА СО ДОНАЦИЈА ЗА ДЕТСКА ГРАДИНКА „ДЕТЕЛИНКИ“

Со големо задоволство споделуваме дека Ротари клуб Кочани‑Виница, по сопствена иницијатива, денес реализираше донација за Детската градинка „Детелина“ Донирани се 7 сета детски мебел – 7 маси и 28 столчиња, наменети за најмалите, со цел да им се овозможи поудобен, побезбеден и поубав престој во оваа установа . На денешната средба беше договорено соработката да…

ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО КАРАТЕ „63 АНГЕЛИ“ – ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

Карате клубот „Партизан“ од Кочани иницира организирање на меѓународен турнир во карате, во чест на жртвите од трагичниот пожар што се случи на 16 март 2025 година во Кочани. По тој повод, денеска претставници на клубот остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, кој изрази целосна поддршка за иницијативата. Според првичните најави, меѓународниот…

ПОДОБРУВАЊЕ НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА СТРУЈА – ЦЕЛИ ЗА ПОКВАЛИТЕТНИ УСЛУГИ ОД КЈП „ВОДОВОД“

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, денеска изврши увид во тековните активности за чистење на бунарите во Грдовски Орман, од каде што се обезбедува водата за пиење што ја дистрибуира КЈП „Водовод“ и оствари средби со раководни и стручни служби од кочанското комунално претпријатие. Со чистењето на бунарите се очекува значително подобрување на капацитетот на…

РОДИТЕЛИТЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО „ПУЛС“ КОИ СЕ ЛЕКУВАА ВО АНКАРА (ТУРЦИЈА) СО ИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ КОН ЦЕЛИОТ МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ

Со ова јавно соопштение сакаме да изразиме искрена и длабока благодарност до докторите, медицинските сестри, техничарите и целиот медицински персонал во болницата „Ankara Bilkent Şehir Hastanesi“, за нивниот врвен професионализам, хуман пристап и несебична посветеност во грижата за пациентите. Во моменти кога здравјето и животот се од непроценливо значење, нивната работа претставува вистински пример за…

ВТОР ДЕН СЕ РАСЧИСТУВА ДЕПОНИЈАТА ВО МЕСНОСТА „ДИВИ ГРАДБИ“ – ОТСТРАНЕТИ НАД 500 МЕТРИ КУБНИ ОТПАД

Втор ден трае расчистувањето на дивата депонија во месноста позната како Диви Градби, која се наоѓа меѓу населбите Трајановo Трло и Усова Чешма во Кочани. Акцијата ја спроведуваат екипи и механизација на КЈП „Водовод“, кои досега изнесоа повеќе од 500 кубни метри отпад. На терен се и градоначалникот Владко Грозданов и директорот на КЈП „Водовод“…

НА ВЛЕЗ ВО КОЧАНИ НА ЛИЦЕ ОД СКОПЈЕ ПОЛИЦИЈАТА МУ ПРОНАШЛА И ОДЗЕЛА КОКАИН

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.Е.Ј. (40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело„неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „безобѕирно управување на моторно возило“. На 17.01.2026 на влез во Кочани, полициски службеници запреле патничко возило „форд“, кое пријавениот го управувал и при…

МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ

На 21.01.2026 во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од с.Спанчево, додека со телесни повреди…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА МАРШ НА АНГЕЛИТЕ

Јавно реагираме на постапките поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ на 16.03.2025 година. Наместо институциите да ја утврдат одговорноста таму каде што реално лежи, фокусот неоправдано се насочува кон млади лица кои сами биле изложени на опасност. Јавноста јасно укажува дека реакциите на дел од младите по настанот биле последица…