All Posts By Славчо Ивановски

РЕАЛИЗИРАНА ПРОШЕТКА ОКОЛУ ЕЗЕРОТО ГРАТЧЕ

Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ од Кочани, под мотото „Пешачењето е здравје“ реализира прошетка околу езерото Гратче. Членови на КПС „Осоговски орел“, граѓанки и граѓани рекреативци поминаа патека долга 7 км, почнувајќи од местото Тополник, преку Галабо до Мактеон, па се спуштија кон Водопадот на Голема Река. Попатно правеа…

УЧЕСТВУВАЛ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПО ШТО ГО НАПУШТИЛ МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА

На 12.04.2024 во 07.40 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Димитар Влахов“, над Градскиот стадион, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Д.Т.(24) од Кочани и патничко возило „шевролет спарк“, управувано од Ф.Г.(47) од Кочани, двете со кочански регистарски ознаки, по што Д.Т со возилото го напуштил местото на несреќата….

„ОСОГОВО“ ИМ ПОДАРИ НОВО РАЗОЧАРУВАЊЕ НА СВОИТЕ НАВИВАЧИ, НИТУ ИГРА НИТУ ДОБАР РЕЗУЛТАТ

Уште еден срамен пораз им приредија играчите на „Осогово“ на своите навивачи. Поразот можеби и не е толку болен ако се знае дека денес во Кочани домаќините играа против екипа која е за неколку класи подобра, но повеќе од поразот боли незалагањето на разгалените „ѕвезди“ на кочанскиот второлигаш. Денес во Кочани „Осогово“ во рамките на…

СЕ БЕТОНИРААТ ДВЕ УЛИЦИ ВО СЕЛО ПРИБАЧЕВО

Привршуваат градежните активности за бетонирање краци на две улици во селото Прибачево. Изведувачот на работите, градежната фирма „Коле транс“ бетонира пристапна улица на излезот кон Грдовци, се бетонира и крак од улицата „Гоце Делчев“, на североисточниот, влезен дел во Прибачево. Вкупната должина на бетонираните улици е 240 м, а тие се со ширина од 3,5…

СО КУЛТУРНО-ЗАБАВНА ПРОГРАМА ЗАВРШИ ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ДЕНОТ НА РОМИТЕ ВО КОЧАНИ

Синоќа, на Градскиот плоштад во Кочани се одржа културно-забавна програма, со која Општина Кочани го заокружи одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. Публиката имаше можност да го проследи музичкиот настап на учениците Амит Ибраимов и Севгулана Ибраимова од Кочани, на повеќе интерпретатори, оркестри и бендови, како и стендапот со „Мртва инфузија“ од…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ЗАПОЧНУВА РАЗВРСКАТА

За Сабота (13.04.2024 година) со почеток во 15:00 закажани се натпреварите од 24-тото коло во Втора Фудбалска Лига. До крајот на првенството остануваат да се одиграат уште седум кола по кои ќе се знае конечниот епилог. На врвот речиси се е познато, но ба дното ќе има борба за секој бод за секој гол бидејќи…

МИНИСТЕРОТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОТСЕКОТ ЗА УПРАВНИ РАБОТИ И ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ВО КОЧАНИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (11.04.2024) беше во работна посета на Отсекот за управни работи Кочани и Одделението за внатрешни работи Кочани. Контатирано беше дека Отсекот за управни работи Кочани функционира одлично и процесот на издавање на лични документи е нормализиран, односно граѓаните добиваат термини во рок од еден ден. „Што се однесува…

ПРОНАЈДЕНО И ОДЗЕМЕНО ОРУЖЈЕ НА ЖИТЕЛ ОД СЕЛО ТРКАЊЕ

На 10.04.2024 во 16.30 часот во с.Тркање, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани, со судска наредба, извршиле претрес на домот и помошните простории на М.Ј.(38) од с.Тркање. При претресот биле пронајдени и одземени еднострелно долго оружје „oрозара“ калибар 16мм, едно репетирачко долго оружје „Застава Крагуевац“ и повеќе различни видови куршуми и ловечки патрони со различен…

СО „ЈУГО“ УДРИЛ ВО МАСА НА КОЈА СЕДЕЛО СЕМЕЈСТВО ВО СВОЕТО ДВОРНО МЕСТО

На 10.04.2024 во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.С.(23) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека со патничко возило „југо“ удрил во масата на која седеле С.Т.(52) од Кочани и нејзиното семејство во дворното место на нејзиниот татко. Според пријавеното, потоа настанала физичка пресметка помеѓу семејствата на…

ШЕСТ УЧЕНИКА ОД ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ СО ШЕСТ ПРВИ МЕСТА И МАКСИМАЛЕН БРОЈ НА ОСВОЕНИ ПОЕНИ

Денес во Штип, во организација на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ се одржа меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер по теорија за млади музичари. шест ученика од ООМУ Ристо Јуруков“ – Кочани под менторство на наставник Благој Николов освоија шест први места со максимален број на поени. Јана Филипова IX одделение, Прва награда со освоени 100 поени, Јован…