All Posts By Славчо Ивановски

ОДБЕЛЕЖАН 24 МАЈ – ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ

Со свечена програма, синоќа ООУ „Свети Кирил и Методиј“ го одбележа патрониот празник. На многубројната публика ѝ се обрати в. д. директорката Христина Симова Јовановска, а во словото посветено на сесловенските браќа, беше истакнато нивното огромно значење за македонската писменост и култура. Присутните ги поздравија настапите на учениците во училишниот хор, драматизацијата и музичко-ритмичките точки….

ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА КЕЈСКАТА УЛИЦА ВО ОРИЗАРИ

На „Кејската улица“ во Оризари, на 15 фундаменти се поставени метални столбови со светилки, кои веќе се поврзани  со јавното осветлување. Според стручните служби наредниов период осветлувањето на новата улица ќе се дооформи со уште десетина електрични столба. За изградба на јавното осветлување на дел од улицата „Кеј на револуцијата“ се наменети 2 милиона денари….

МУ СЕ ДОПАЃАЛО НЕКОМУ ИЛИ НЕ, „ОСОГОВО“ ОСТАНА ВО ВТОРАТА ЛИГА

Му се допаѓало некому или не, „Осогово“ и во следното првенство ќе игра во второлигашкото друштво. Она што вистинските љубители на фудбалот во градот го посакуваа а особено верните навивачи на „Осогово“ се реализираше. Во последното коло „Осогово“ на радост на таа армија навивачи а за жал на одредени поединци или мала група скептици го…

СЕ АСФАЛТИРА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕМИН КАЈ ВЕТЕРИНАРНАТА СТАНИЦА ВО КОЧАНИ

Во завршна фаза се градежните активности за модернизација на преминот на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Ветеринарна станица“, на дел од ул. „Лазар Андонов“ во Кочани. Денеска се поставуваше првиот слој асфалт на преминот, откако се постави гумена подлога, за да се олесни минувањето на возилата и да се забрза…

ИНСТАЛИРАНИ ФОТОВОЛТАИЧНИ СИСТЕМИ НА ТРИ ЈАВНИ ОБЈЕКТИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

Во рамките на проектот „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источниот Плански Регион“ денеска на кровната конструкција на ОУ „Никола Карев“ се инсталираа фотоволтаични панели со моќност од 40 киловати. – Вкупната вредност на инвестицијата е околу два милиона денари, а предвидено е да се постават фотоволтаични панели на целиот кров, односно на…

ООУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

По повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, општински делегации, раководниот, наставниот кадар и првачиња од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ положија свежо цвеќе на споменикот во училишниот двор. Одбележувањето на патрониот празник ќе продолжи со свеченост што ќе се одржи вечерва во холот на училиштето, на која ќе…

АКТИВНОСТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ

Во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј, претставници од Општина Кочани, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, МВР и ученици од СОУ „Гошо Викентиев“ реализираа едукативна средба со третоодделенци од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во Кочани. Настанот има цел да придонесе во унапредувањето на безбедноста…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ГО ЧЕСТИТА 23 МАЈ – НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ

На сите припадници на влашката заедница им го честитам празникот со искрени желби за понатамошен успех во негувањето на влашката култура и традиција. Одбележувајќи го овој ден, оддаваме почит кон вековните стремежи за промоција на влашката заедница и потврдувањето на нејзините идентитетски, традиционални и културни вредности. Придонесот на Власите во унапредувањето на меѓусебните односи претставува…

НОВИ САДНИЦИ НА УЛИЦИТЕ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ И „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“ ВО КОЧАНИ

На улицата „Борис Трајковски“, која е во фаза на рехабилитација, деновиве се сади млада високостеблеста вегетација. Според комуналниот инспектор, на тротоарот спроти Зелениот пазар, се засадени 17 стебла топчест јасен и црвена слива. На тротоарите на улицата „Стево Теодосиевски“ се обновени искршените стебла. Дополнувањето и обновувањето на јавните површини со нови садници ќе продолжи и…

И ОРГАНИЗАТОРИТЕ И ПУБЛИКАТА ЗАДОВОЛНИ ОД ХУМАНИТАРНИОТ КОНЦЕРТ НА ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“

Синоќа во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани учениците и наставничкиот кадар на ООМУ „Ристо Јуруков“ успешно го реализираа најавениот хуманитарен концерт под мотото „Мај, месецот на младите и музиката“. Концертот е организиран во соработка со Ротари Клуб „Кочани-Виница“ а собраните средства ќе бидат наменети за опремување на просторија, односно музичко студио во самото училиште….