КПС „ОСОГОВСКИ ОРЕЛ“ ЈА СТАРТУВАШЕ РЕКРЕАТИВНАТА ТРКА „ВРАНИНЦИ НА ЗАЈДИСОНЦЕ“
Клубот за планински спортови „Осоговски Орел“ од Кочани почна нова рекреативна трка под името „Sunset Trail Run“ односно „Вранинци на Зајдисонце“. Таа треба да стане традиционална и ќе се одржува на падините на Осоговските планини. Патеката на која ќе се трча е во должина од околу 12 км а висинската разлика е 550 метри. Старотот…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, БОДОВИТЕ ОСТАНУВААТ ВО КОЧАНИ
По една седмица пауза поради обврските на фудбалските репрезентации на Македонија во Сабота со почеток во 15:00 часот продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига. На програмата е 22 коло со кое започнува на некој начин и разврската за опстанок во лигата и за тоа кои екипи ќе се пласираат еден ранг повисоко. Во сабота во…
МИЛЕ ЛЕФКОВ ВО ТРКА ЗА ВТОР МАНДАТ, А ЈОРДАНЧО КОСТАДИНОВ ЗА ПРВ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ
Вечерва на седницата на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ беа утврдени и соопштени кандидатските листи во шесте изборни единици. Миле Лефков е кандидат за пратеник во третата изборна единица од ОК ВМРО ДПМНЕ – Кочани, а Јорданчо Костадинов од ОК ВМРО ДПМНЕ – Чешиново-Облешево, каде носител на листата за пратеници е Драган Ковачки. Лефков на…
И ЗМИИТЕ ИЗЛЕГОА НА СОНЦЕ
Наш читател ни испрати две фотографии кои како што пишува денес околу пладне ги направил на „Крушарски мост“. На дел од железната конструкција јасно се гледа змија која очигледно инспирирана од топлото време излегла од своето лежиште. На само неколку метри од местото е платото од „Паркот на револуцијата“ кој денес беше посетен повеќе со…
КАФЕ ДЕ АНАТОЛИА (CAFÉ DE ANATOLIA) ВО ЖИВО ВО „СУЛИ АН“ (СКОПЈЕ), ФУЗИЈА НА МУЗИКА И ИСТОРИЈА
Во хармонична фузија на култура, историја и музика, Кафе Де Анатолиа го претстави својот најнов жив настап, снимен меѓу древните ѕидови на Сули Ан во Стариот базар/чаршија на Скопје. Во соработка со Факултетот за уметности, овој посебен настап ги обединува познатите уметници Маџноон (Majnoon) од Турција, Били Естебан (Billy Esteban), А. Јовевски (Aleksandar Jovevski) и…
КАМПАЊА, ОДГОВОРНО И СОВЕСНО ПАРКИРАЊЕ
Неправилното паркирање е причина за голем број сообраќајни незгоди во кои страдаат децата, пешаците и велосипедистите. Со цел да даде придонес во сообраќајната едукација и да потсети на почитување на сообраќајните правила и прописи, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани во соработка со Општина Кочани изведе активност под мотото „Одговорно и…
МАРТОВСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – СОБРАНИ 50 КРВНИ ЕДИНИЦИ
Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна мартовска крводарителска акција наменета за граѓанството. На акцијата крв даруваа 50 крводарители од нив 2 првократни. Акцијата е четврта што годинава ја спроведува Црвен…
ПРИВЕДЕН КРАДЕЦ ВО КОЧАНИ, РАСЧИСТЕНИ СЕДУМ КРИВИЧНИ ДЕЛА
По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице. Поради постоење основи на сомнение дека е сторител…
ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ – ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД КОЧАНСКО
Вечерва во венчалната сала во Кочани Цветан Трипуновски дополнителен заменик за земјоделство во Владата на Република Македонија оствари средба со со земјоделците од Кочанско и останатите околни општини. На средбата на која освен земјоделци од овој дел на регионот присуствуваа и пчелари, риболовци и ловџии, Трипуновски ги претстави програмските одредби на ВМРО ДПМНЕ со со…
ПРВИ НАГРАДА ЗА УЧЕНИЦИТЕ НА ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО КАМЕРНА МУЗИКА
Макарија Иванова во класата на наставник Марија Лазарова и Јован Цветанов во класата на наставник Душан Стојанов, како и Јана Филипова во класата на наставник м-р Елизабета Ѓеорѓиева и Ана Пејчева во класата на наставник м-р Драгана Карова Ангелова во категоријата „четирирачно пијано“, заедно со Оркестарот на народни инструменти при ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани…