ПЛАНИРАНИ ПРРЕКИНИ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 09.11.2023 ГОДИНА (ЧЕТВРТОК)
За Четврток (09.11.2023 година) во Општина Кочани прекини во снабдувањето со електрична енергија во периодот од: 08:30 – 15:00 часот: Оранжерии во с. Долни Подлог кај Зелена куќа, Фирма Агротреф – оранжерии, Објект на Геотерма. КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
ПЛАНИРАНИ ПРРЕКИНИ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 08.11.2023 ГОДИНА (СРЕДА)
За Среда (08.11.2023 година) во Општина Кочани прекини во снабдувањето со електрична енергија во периодот од: 09:00 – 15:00 часот: улиците „Роза Петрова“ и „Раде Кончар“. КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
БЛАГОЈ СИТНОВСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ШАХОВСКИ КЛУБ „КОЧАНИ“
По пауза од неколку години изминатата сабота Шаховскиот клуб „Кочани“ одржа Изборно Собрание на кое беа избрани новите тела кои ќе раководат со клубот во периодот што следува. За нов Претседател е именуван Благој Ситновски а за Секретар Методи Кузманов. Никола Давитков е именуван за Технички секретар кој ќе биде одговорен за организација на претстојните…
ПОКАНА ЗА ЗАЕДНИЧКО ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДЕНОТ ПОСВЕТЕН НА СВЕТИОТ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ДИМИТРИЈ
Почитувани верници Манастирчето Св.Димитриј -Трајаново трло – Кочани ве повикува на заедничка прослава да го чествуваме денот посветен на Светиот Великомаченик Димтриј. Вторник вечерна богослужба со почеток 16:00. После вечерната следува хуманитарна трпеза на љубовта од која сите соберени материјални средства ќе бидат насочени за довршување на манстирчето. Среда – утрена Богослужба со почеток во…
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ МЛАДИНСКИ КОНКУРС ЗА СЛИКАЊЕ НА КИНЕСКАТА ОПШТИНА ВУШИ
Денеска, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани беа доделени наградите на ученици чии творби беа избрани за најуспешни на Меѓународниот младински конкурс за сликање што го распиша кинеската општина Вуши. На конкурсот од 2022 година на темата „Зелен развој за зелена иднина“, од пријавените 43 ученици од Кочани, првата награда ја доби Стефанија Атанасова,…
ОТВОРЕН 17. САЕМ НА КНИГАТА ВО КОЧАНИ
Денеска, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го отвори Саемот на книгата, кој по 17. пат го организира Јавната општинска установа библиотека „Искра“ од Кочани. Истакнувајќи го значењето на книгата во современиот свет, градоначалникот го поздрави новото издание на традиционалната манифестација што ја афирмира книгата, посебно кај младата популација. „Тринаесет издавачки куќи од Македонија, долгогодишни…
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ, НАТАЛИЈА КАРОВА ОБЕЗБЕДИ УЧЕСТВО НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО
Во текот на вчерашниот ден (Сабота) во Скопје, општина Бутел се одржа „Државното првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори У-21“. Карате Клуб „Кочани“ настапи со четири натпреварувачи од кои Наталија Карова настапи во категоријата до 48 килограми – јуниорки и го освои второто место со што обезбеди директно учество на Балканското првенство…
„ОСОГОВО“ ЗАГУБИ ВО СТРУГА, КОЧАНЧАНИ ПОТКЛЕКНАА ВО ФИНИШОТ
Екипата на „Осогово“ не успеа непоразена да се врати од брегот на Охридското езеро. Кочанчани денес по лошо и ветровито време, и терен натопен со вода во рамките од 11-тото коло од Втора Фудбалска Лига загубија од домаќинот „Караорман“ во Струга“ со резултат 0:2 (0:0). Според информациите до кои што дојдовме натпреварот бил тврд со…
ДВЕ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БУГАРИЈА
На вториот Меѓународен турнир „Куп Неврокоп“ што денес се одржа во Гоце Делчев (Бугарија) борачите на „Спартак“ освоија две медали, од кои еден златен и еден бронзен. На турнирот годинава се појавија околу 300 борачи од Украина, Молдавија, Латвија, Грција, Белгија, Турција, Романија, Македонија (три клуба) и повеќе клубови од домаќинот Бугарија. Боречкиот клуб „Спартак“…
ОШТЕТЕН ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ
Утрово, мостот кај Шопинг-центарот во Кочани осамна со уништено осветлување. Столбот и светилката, кои се дел од системот за јавно осветлување, биле мета на вандалско однесување. Оштетениот столб откај улицата „Кеј на Револуцијата“ е пресечен и нефунционален. Општина Кочани го осудува несовесното однесување врз јавното осветлување, кое како и кај урбаната и комуналната опрема е…