All Posts By Славчо Ивановски

ДЕЛНИЦАТА КРУПИШТЕ – КОЧАНИ КАКО ДЕЛ ОД ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП – КОЧАНИ, ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА

По седум години градежни активности денес и официјално беше пуштена во употреба  делницата од Експресниот пат Крупиште – Кочани. Делницата во употреба ја пушти Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски а на церемонијата освен поканетите гости присуствуваа и Благој Бочварски – Министер за транспорт и врски и Ејуп Рустеми – Директор на…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТЕШКА КРАЖБА НА ДРЗОК НАЧИН

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.А.(54) и С.С.(63), двајцата од Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во текот на мај и јули 2022 година, пријавените на Градскиот пазар во Кочани одзеле паричници…

БЛЕСНА НОВОГОДИШНИОТ СЈАЈ ВО КОЧАНСКИОТ ГРАДСКИ ПАРК

Заблеска новогодишниот сјај во кочанскиот Градски парк. Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници Градскиот парк ќе биде местото каде нашите сограѓани ќе имаат можност да уживаат во новогодишниот амбиент, исполнет со убава енергија, насмевски и забава. Оваа година за прв пат се организира Новогодишен базар од страна на Пролет Бар, во соработка со Општина…

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД НАСЕЛБА ОРИЗАРИ

Утре (Недела) со почеток во 17:00 часот во Домот на култура Оризари, Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари ќе одржи Новогодишен концерт. По завршувањето на концертот следува традиционалната богата Новогодишна лотарија. Сите заинтересирани што ќе изразат желба да учествуваат во Новогодишната лотарија ќе можат тоа да го остварат со купениот талон кој чини 50,00 денари.

ПРЕДНОВОГОДИШНАТА МУЗИЧКА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА „ПИСМА ДО ДЕДО МРАЗ“ ГИ ВООДУШЕВИ ВИНИЧАНИ

После долг период Виница беше домаќин на  една од поубавите културни манифестации за деца. Имено за прв пат на радост на виничани се одржа Предновогодишна детска музичка претстава „Писма до Дедо Мраз“ во која учествуваа повеќе од шеесет дечиња.. Се одржаа четири претстави во кои најголемиот дел од посетителите беа ученици од двете основни училишта…

ПРЕКРАСНО ОРГАНИЗИРАНА НОВОГОДИШНА ЗАБАВА ЗА ДЕЧИЊАТА ОД ПДГ „АМИЧИ“ ОД КОЧАНИ

И годинава менаџерскиот тим со вработените од Приватната Детска Градинка „Амичи“ од Кочани организираше новогодишна забава за дечињата од нивната градинка. Откако општинската бирократија не сакаше да ја издаде салата во Мултикултурниот Центар за да родителите и најблиските поминат убави мигови со нивните дечиња, од „Амичи“ мораа да побараат алтернатива. Бараа, и ја најдоа во…

СОБРАНИТЕ СРЕДСТВА ОД ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА ОРГАНИЗИРАНА ОД ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ УПЛАТЕНИ НА ВИСТИНСКАТА АДРЕСА

Собраните  средства од хуманитарната акција „Меѓународниот ден на солидарноста“ и од „Новогодишниот базар“ организирани од ООУ „Никола карев“ – Кочани и ПУ од село Тркање денес беа уплатени на вистинската адреса. „Денес ги уплативме средствата кои ги собравме од спроведената хуманитарна акција за ,,меѓународниот ден на солидарноста”. Средствата се уплатени на ученик од нашето училиште…

РАБОТИЛНИЦА ЗА ОПАСНОСТИТЕ ОД КОРИСТЕЊЕ ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА СЕ ОДРЖА СО УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“

Едукативна работилница за опасностите од користење петарди и други пиротехнички средства се одржа со учениците од СОУ „Љупчо Сантов“. На предавањето што го одржа доктор Томе Солевски, хирург специјалист од Општата болница во Кочани, стана збор за најчестите телесни повреди што ги предизвикуваат експлозивните средства, а што вообичаено се користат за време на новогодишните празници….

КОЈ ГО КОЧИ ОПРЕДЕЛУВАЊЕТО ИМИЊА НА УЛИЦИ, МОСТОВИ И ДРУГИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ?

Кој е кочничарот во Општина Кочани што не сака досега да се именуваат улици, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Кочани со имиња на наши сограѓани кои секој на свој начин оставиле траен белег во општината. Уште пред минатата и минатата година беа доставени предлози до Советот на Општина Кочани а потоа беше направена…

НА ПЕНЗИОНЕРКИТЕ ОД МЗ „МИЛАН ЗЕЧАР“ НЕ ИМ БИЛ ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ ВО НИВНИОТ КЛУБ

Револтирани пензионерки вечерва ни испратија допис во кој обвинуваат за дискриминација во Пензионерскиот клуб во МЗ „Милан Зечар“ на улицата „Охридска“. Како што појаснуваат денес не им било дозволено влегување во пензионерскиот клуб во нивната месна заедница од необјаснети причини. „Вечерва од непознати причини не ни се дозволи да се собереме ние жените пензионерки во…