ЛАЗАР ЗАХАРИЕВ ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО И ПОТВРДИ ДЕКА Е НАЈСИЛЕН BENCHER НА БАЛКАНОТ И ВО ЕВРОПА
Нашиот сограѓанин Лазар Захариев уште еднаш ја потврди својата висока класа и докажа дека е најсилниот bencher на Балканот и во Европа. Захариев денес во Мадрид (Шпанија) на најголемиот спортски Европски фестивал „„ARNOLD KLASIK EUROPA“ го освои првото место во Мастер ,категорија до 125 килограми откако подигна 205 килограми. Годинава на натпреварувањето во Мадрид учествуваа…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ПРВ ПОРАЗ ЗА КОЧАНЧАНКИ
Се одиграа натпреварите од 5-тото коло во Втора Фудбалска Лига за жени. Кочанчанки го доживеаја првиот пораз, „Победа Валандово 16“ стигна до првата победа а екипата на „Атлетико“ и после ова коло останува единствената екипа без ниту еден примен гол. Во Кочани интересен натпревар одиграа две од трите непоразени екипи. Во мошне интересен натпревар екипата…
БК „СПАРТАК“ – ЧЕТИРИ БОРАЧИ, ЧЕТИРИ МЕДАЛИ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР „ТОНИ ТАНЧЕВ“
Борачите на „Спартак“ од Кочани со цел да ја одржат добрата форма продолжуваат со учествово на турнирите. Денес четири борачи, од кои двајца во машка и две во женска конкуренција учествуваа на Првиот Меѓународен меморијален турнир „Тони Танчев“ кој се одржа во Конче (Радовиш) и се закитија со два златни еден сребрен и еден бронзен…
СООПШТЕНИЕ НА КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ
Во рамките на проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани;, КЈП Водовод“ ги повикува сите заинтересирани граѓани кои потекнуваат од семејства од социјален ризик да се пријават во Центарот за корисници на ул. Д-р Николиќ“ бр.64 за промена или инсталирање на…
ВТОР МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ „ГОНЕ – 2023“
На еден од најголемите Македонски празници 11 Октомври, а во чест на еден од најголемите спортски работници во Кочани Благој Јанков – Гоне, се одржа вториот меморијален марш „Гоне 2023“. До месноста „Мактеон“ каде беше зборното место тргнаа две групи со вкупно 25 љубители на планинарскиот спорт. Едната група во која поголемиот број беа планинари…
СО ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ ЛЕВИЦА ГО ОДБЕЛЕЖА ПРАЗНУВАЊЕТО НА 11 ОКТОМВРИ
Денес Делегација на ЛЕВИЦА Кочани и ЦРВЕНА МЛАДИНА Кочани го чествуваат – Денот на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ ,,11 Октомври “— државен празник на Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и…
ГОРАН ГОЦЕВСКИ ЗАМИНА ОД „ОСОГОВО“ И Е НОВ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА „КАМЕНИЦА САСА“
Горан Гоцевски досегашниот прв помошник на Шефот на Стручниот штаб на „Осогово“ – Кочани Добринко Илиевски од денес застана на кормилото на неговиот матичен клуб „Каменица Саса“. Гоцевски кој важи за голем фудбалски работник и одличен познавач на фудбалската игра по една година пауза се враќа онаму каде ги направи првите фудбалски чекори. Дознаваме дека…
ПРВИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР „11 ОКТОМВРИ – 2023“ ЗА „БРЕГАЛНИЦА“ – ШТИП
Во организација на Фудбалскиот клуб „Атлетико 2021“ од село Теранци а по повод 11 Октомври денот на Македонскиот непокор, денес на игралиштето во Чешиново се одржа првиот фудбалски турнир за помали петлиња „11 Октомври – 2023“. Годинава на турнирот учествуваа четири екипи а по одигрувањето на натпреварите победничкиот пехар го освои екипата на „Брегалница“ од…
СО ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ ЗГ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ОД КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА ПРАЗНИКОТ 11 ОКТОМВРИ
Следбениците и поддржуваните на ликот и делото на Маршалот на некогашна Југославија Јосип Броз Тито, Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани со положување на свежо цвеќе на бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов, како и на споменикот на Претседателот на Крушевската Република Никола Карев, поставени во „Паркот на Револуцијата“, на симболичен начин…
СО ПОЛОЖУВАЊЕ НА ЦВЕЌЕ ЗАПОЧНА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА ПРАЗНИКОТ 11 ОКТОМВРИ
Со положување на цвеќе на „Споменикот на слободата“ и на постаментот пред бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов во „Паркот на револуцијата“ во Кочани започна чествувањето на еден од најзначајните празници во Македонската историја, празникот 11 Октомври. Делегации од Советот на Општина Кочани, од Сојузот на борците од НОВ, од ОО на СДСМ –…