All Posts By Славчо Ивановски

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЛИЦЕ ОД КОЧАНИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕ РАСИСТИЧКИ И КСЕНОФОБИЧЕН МАТЕРИЈАЛ ПО ПАТ НА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.В.(45) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 18.04.2022, на социјалната мрежа Фејсбук, на објава од друго лице, пријавениот објавил коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство. ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

УРЕДЕНО НОВО ДЕТСКО ИГАЛИШТЕ ВО ЈОУДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“

Во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ уредено е ново детско игралиште со нови детски рекизити. Станува збор за донација од „ПАКОМАК  ДОО“. Со поставувањето на новите играчки коишто се во склоп на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Клон 4, им се одговара на потребите на најмалите дечиња и претставува дополнување на целокупниот инвентар на детската градинка. Донацијата се состои…

„ХАЛ БАНКА“ ДОНИРАШЕ 120 САДНИЦИ – ПОСАДЕНИ НА ПОВЕЌЕ ЈАВНИ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ

Општествено одговорната банка, Халк Банка донираше 120 садници од видот смрча и туја смаракд. Дел од садниците денеска беа засадени во кругот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Кочани. Во денешната акција на засадување се вклучи Општина Кочани, вработените од Халк Банка и ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Преостанатите садници ќе бидат засадени во склоп…

ПРЕТРЕС ВО КОЧАНИ, ПРИВЕДЕН ДИЛЕР, ПРОНАЈДЕНИ 105 ПАКУВАЊА МАРИХУАНА ПОДГОТВЕНА ЗА ПРОДАЖБА

Од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани на 12.12.2022 околу 13.00 часот бил лишен од слобода Е.Х.(33) од Кочани. Имено, по обезбедена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кочани, извршен е претрес на дом и други простории кои ги користел Е.Х., при што се пронајдени и одземени 105…

„БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ СО ПОБЕДА ГО ЗАВРШИЈА ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ ВО ТРЕТА ЛИГА – ГРУПА 1

Кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ од Кочани со победа го завршија есенскиот дел од првенството во „Трета кошаркарска лига – група 1“. Тие во салата „Сашо Лазарев – Чапо“ во доста интересен и до самиот крај неизвесен натпревар ја совладаа мошне добрата екипа на „Вардар“ од Скопје 73:67 (19:13; 12:25; 25:16; 17:13). Самиот резултат по…

ДЕСЕТ ГОДИНИ „ВЕЧЕР НА МАКЕДОНСКИОТ АФОРИЗАМ“ ВО КОЧАНИ

ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани беше домаќин на средбата Десет години „Вечер на Македонскиот афоризам во Кочани“ кој го организираше Здружението на граѓани „Афористичка репрезентација на Македонија – Кочани“. Во присуство на љубители на хуморот и сатирата, како и сегашни некогашни учесници на македонскиот афоризам се читаа афоризми напишани во десетгодишната традиција. „Здружението на граѓани…

ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ СО ГРАЃАНИТЕ – ГОЛЕМ БРОЈ ПРЕДЛОЗИ ЗА ОФОРМУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ ЗА 2О23 ГОДИНА

Во текот на изминатиот викенд 10 и 11 декември, во салата за состаноци на Општина Кочани беа спроведени Отворени денови за средби со граѓаните, на кои присутните имаа можност да предложат идеи и проекти за оформување на Буџетот за 2023 година. Во Отворени денови се приклучија голем број граѓани и беа забележани голем број на…

ГОРАН ЗДРАВКОВ НАЈДОБАР ТРЕНЕР НА ПОЛУСЕЗОНАТА ВО ВТОРА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Со одигрувањето на натпреварите од 15-тото коло во Саботата и официјално заврши есенскиот дел од првенството во Втора Македонска Фудбалска Лига. Екипата на „Гостивар“ е есенски шампион пред екипите на „Вардар“, „Воска Спорт“, „Пелистер“ и „Детонит Плачковица“. Токму екипата на „Детонит Плачковица“ е најголемото изненадување во есенскиот дел од првенството. Пред почетокот на првенството никој…

ВО ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА НА ТРИ ДЕВОЈЌИ ВО ВИНИЦА УЧЕСТВУВАЛА И ДЕВОЈКА ОД КОЧАНИ

На 09.12.2022 во 15.00 часот во Полициска станица Виница е пријавено дека околу 13.00 часот во Виница по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу три женски лица М.М.(33) од Виница и П.Т.(29) од Радовиш, од една страна и М.А.(31) од Кочани од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување…

РЕАЛИЗИРАНА НОВА АКЦИЈА ЗА ЗАЛОВУВАЊЕ КУЧИЊА СКИТНИЦИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

Поради зголемен број на кучиња скитници, денеска на повеќе локации во градот повторно се спроведе акција за нивно заловување од страна на стручни екипи од Ветеринарната клиника ИНО-ВЕТ од Куманово, врз основа на претходно склучен договор за услуги со КЈП „Водовод“ – Кочани. По заловувањето на кучињата ќе се врши вакцинација со сите вакцини кои…