КОЧАНЧАНЕЦ ЛИШЕН ОД СЛОБОДА, ВОЗЕЛ СО 1,57 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА
Денеска (11.05.2025) во 00.23 часот на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Н.А.(46) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.А. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека…
КОЧАНЧАНЕЦ СЕ ЗДОБИЛ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ ОТКАКО ГО УДРИЛО ТОВАРНО ВОЗИЛО
На 10.05.2025 во 13.30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани товарно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Кочани, удрилo во пешакот Ѓ.С.(66) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.С., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „РУДАРИТЕ“ МИНИМАЛНО ГО СОВЛАДАА „ОСОГОВО“
Се одиграа натпреварите од 29-тото претпоследно коло во Втора Фудбалска Лига. На врвот на табелата незивесноста ќе потрае се до последното коло а додека во зоната за испаѓање се е познато, „Вардарски“ и „Борец“ го напуштаат второлигашкото друштво а „Осогово“ шансата за опстанок во Втората Фудбалска Лига ќе ја бара во бараж натпреварите. Екипата а…
ХОТЕЛ „АМОР“ – КОЧАНИ, ДЕСЕТ ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА, ДЕСЕТ ГОДИНИ ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
По повод прославата 10 години постоење на Хотел „Амор“ – Кочани менаџерскиот тим се потруди да понуди новитети за своите клиенти. За да клиентите бидат уште повеќе задоволни од целокупната понуда, деновиве заврши реновирањето на салата која беше наменета за свадбените свечености. Од сега младенците и нивните гости ќе имаат сала со поинаков и поубав…
ГРАЃАНСКО НОВИНАРСТВО: ДОДЕКА ВОДОВОД Е ПОТОНАТО ВО ДОЛГОВИ А КОЧАНИ Е ПОТОНАТО ВО ОТПАД, СЕ ПОКАЧИЈА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОМУНАЛНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ
Наш читател ни испрати допис со следната содржина која ви ја пренесуваме во целост. „Почитувани, пред неколку денови ВД Градоначалникот излезе во јавноста со загрижувачки бројки за задолжувањето во кое е потонато јавното претпријатие Водовод во Кочани. Беа изнесени милионски суми и беше кажано дека претпријатието е во блокади од извршители и не може да…
КОЧАНЧАНКА ПРИЈАВИЛА МАЛОЛЕТНИК ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ЗАПИСИ СО ЕКСПЛИЦИТНА СОДРЖИНА ОД НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА
На 09.05.2025 во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Извор: Дневен билтен на МВР КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СЕМЕЈСТВАТА НА ПОЧИНАТИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ
Во врска со телефонската покана од Кабинетот на Премиерот Христијан Мицковски за остварување средба со нас, родителите на трагично починатите деца во дискотеката „Пулс“, закажана за 13 мај 2025 година во 15:00 часот во Скопје. Ве информираме дека поканата не ја прифаќаме поради нејзиното доцнење. Истовремено Ве известуваме дека Премиерот беше поканет од сите родители…
СВЕТА ЛИТУРГИЈА ПО ПОВОД ПРИСТИГНУВАЊЕТО НА ИКОНАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
Почитувани верници, по повод пристигнувањето на иконата на Пресвета Богородица која како акт на братска љубов и молитвен спомен ни ја изработија и подарија јеромонахот Павел заедно со братството од Рилскиот манастир Ве повикуваме во недела на Света Литургија на поклонение на иконата од Божјата Мајка и сите верници ќе бидат помазани со свет елеј…
ГЕРИЛА АКЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – ТОЛКУ ЛИ БРЗО НЕ ЗАБОРАВИВТЕ?
Незадоволен од индолентниот однос на институциите во земјата како и на Општините во Скопје а преди се од понижувачкиот однос на дел од жителите на главниот град на Македонија, денес нашиот сограѓанин Мартин Кировски за да го сврте вниманието токму на нив, во центарот на Скопје изведе герила акција која наиде на големо одобрение kaj…
ЕКОЛОГИЈА – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО КОЧАНИ
Околу 200 учесници од различни возрасти, професии, институции и граѓански здруженија се вклучија во најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд во Кочани. Годинава акцијата во Кочани ја координираа физички лица, поединци кои упатија апел за поголема грижа за јавната хигиена и за селектирањето на отпадот во секојдневното живеење. Поддршка на…