All Posts By Славчо Ивановски

ОДОБРЕН ПРОЕКТОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КРОВОТ НА ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Министерството за образование одобри 13.558.022 денари за реконструкција на дел од кровот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во Кочани. Средствата се обезбедени со измените на Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта, по апликација од страна на Општина Кочани на јавниот повик за финансирање проекти за изградба и реконструкција на училишни објекти од…

ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ОДЛУЧИ ПРИСУСТВО НА ПРОТЕСТОТ ВО СКОПЈЕ ЗА ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ

Иницијативниот Одбор на Здружението на пензионери на Општина Кочани за линеарно покачување на пензиите одржа ,состанок на кој беа договорени следните активности. Како прва приоритетна активност која едногласно беше прифатена е присуство на пензионерите од Општина Кочани на закажаниот заеднички протест на сите пензионерски друштва од Македонија кој треба да се одржи на 14 Август…

ШТО ДА СЕ КАЖЕ КОГА ЌЕ СЕ ПОГЛЕДНАТ ФОТОГРАФИИТЕ?

Среда, 22:05 часот, Градски Трговски центар – Кочани. Фотографиите јасно покажуваат како и деца се изживуваат на општествениот имот поставен да се собира сметот, а нема кој да ги опомене не пак да ги повика Нивните родители на информативен  разговор. Ниту полицијата е присутна, ниту пак граѓаните иако сето ова го гледаат не се занимаваат…

ПОРАДИ АГРЕСИВНО ПОПРЕЧУВАЊЕ КОН ТРУДОВ ИНСПЕКТОР ПРИ ИЗВРШУВАЊЕ СЛУЖБЕНА ЗАДАЧА, КОЧАНЧАНЕЦ ЗАРАБОТИЛ ПРИЈАВА

На 08.08.2023 во 15.55 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода К.Ѓ.(35) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот во фирмата, каде што е одговорно лице, агресивно се однесувал и попречувал трудов инспектор при извршување службени задачи. Според пријавеното, откако инспекторот констатирал прекршок во фирмата, К.Ѓ. почнал агресивно да…

ДУШАНКА ГОРГИЕВА – ТРПЕВСКИ НАЗНАЧЕНА ЗА В.Д. ДИРЕКТОР НА ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ КОЧАНИ

По потпишувањето на решението од страна на Министерот за здравство на Република Македонија Д-р Фатмир Меџити, М-р д-р Душанка Горгиева – Трпевски е назначена за в.д. директор на Општа болница со проширена дејност – Кочани. М-р д-р Душанка Горгиева – Трпевски досега ги извршуваше работните задачи во Одделението за детска и превентивна стоматологија во Општа…

ПЕРО ГОРГИЕВСКИ ГО ПОТПИША МЕНАЏЕРСКИОТ ДОГОВОР ЗА НАЗНАЧУВАЊЕ НА В.Д. ДИРЕКТОР ВО КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ

Она што порталот komarec.com.mk го најави пред десетина дена, денес финишираше. Досегашниот советник во Советот на Општина Кочани Перо Горгиевски денес го потпиша менаџерскиот договор за назначување на в.д. директор во КЈП „Водовод“ – Кочани. Горгиевски во КЈП „Водовод“ – Кочани  доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Антонио Паунов. Пред Горгиевски е голем предизвик,…

МЕМОРИЈАЛЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ „СТАМЕН КАРОВСКИ“

На 27 август (недела), Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани ќе го реализира првиот планинарски марш во сеќавање на својот починат член, планинар и другар Стамен Каровски. На меморијалниот марш што се организира во соработка со Федерацијата на планинарски спортови, а со поддршка од Општина Кочани, планинарите ќе се искачат на врвот Панаѓур, на 1669…

ИСКРШЕНИ РЕШЕТКИ И ЛОШОТО ОДРЖУВАЊЕ НА УЛИЦИТЕ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОБЛЕМИ ЗА ВОЗАЧИТЕ

Зачестија поплаките од учесниците во сообраќајот посебно возачите за проблемите со кои секојдневно се судруваат додека возат низ улиците во градот. Како што не известуваат најголемиот проблем им претставуваат искршените и неквалитетно изработени бетонски решетки, незакрпените улици а и многуте нерамнини на улиците. „Срамота е да се живее во населено место кое се вика град…

ОПШТИНА КОЧАНИ СО ПОДДРШКА НА КАМПОТ ЗА МЛАДИ ИНФОРМАТИЧАРИ

Денеска во „Еуро хотел Градче“ во Кочани започна Кампот за млади информатичари. Кампот, кој претставува шестдневна обука на јуниорските и на сениорските информатичари што ќе ја претставуваат Македонија на идните олимпијади и натпревари по информатика ширум светот, го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. Тој го изрази задоволството што Општината и Советот даваат поддршка…

ГРАЃАНИ АПЕЛИРААТ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ДА СЕ ОСПОСОБАТ ШАХТИТЕ ЗА ОДВОД

По најавите дека нашиот регион е во групата во која се очекува невреме, група граѓани ни се јавија со молба до надлежните служби во општината да додека има време се интервенира да се оспособат шахтите особено на критичните места во градот за да водата несметано истекува во одводите. Како што потенцираа тие во минатиот период…