ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, УСПЕШНО ДЕБИ НА ГОРАНЧО ГЕОРГИЕВ НА КЛУПАТА НА „ОСОГОВО“
По две недели пауза денес продолжија натпреварите во Втора Фудбалска Лига. Се одиграа натпреварите од 5-тото наместо 4-тото коло во кое фаворитите за највисок пласман се лизнаа и тоа како домаќини. Смената на Шефот на стручниот штаб во „Осогово“ се покажа засега како добар потег, бидејќи уште на своето деби новоименуваниот Шеф на стручниот штаб…
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, КОЛО БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊА
И третолигашите од истокот денес ги одиграа натпреварите од второто коло кое помина без некои изненадувања. Три екипи со максимален број на бодови се издвоија на табелата. Во Виница екипата на „Тиверија“ беше едноставно демолирана од страна на домаќините. Со осум голови во мрежата струмичани си заминаа дома, но и со мислата како понатака по…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, САЛИХИ И СТОЈКОВСКА ПРОДОЛЖУВААТ ДА ГИ РЕШЕТАТ МРЕЖИТЕ
Се одиграа натпреварите од второто коло во Втората Фудбалска Лига за жени. На три од четирите натпревари славеа гостите додека само еден бод освоија домаќините. Постигнати се 24 погодока или просек по 6 на секој натпревар. Екипата на „Кочани“ која важи за еден од најголемите фаворити за највисок пласман се прошета низ македонски брод. Кочанчанки…
ВО СООБРАЌАЈКА НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ ЕДНО ЛИЦЕ ГО ЗАГУБИЛО ЖИВОТОТ
Денеска (21.09.2024) во ОВР Кочани било пријавено дека околу 08.00 часот на магистралниот пат Штип – Кочани, кај с.Тркање, кочанско, патничко возило „опел астра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.А.(26) од с.Облешево, кочански, удрило во пешакот С.С.(56) од с.Теранци, кочанско. Од здобиените повреди пешакот С.С. починал на местото, а лекар констатирал смрт. Увид извршила…
МАЛОЛЕТНИК СЕ ЗДОБИЛ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ ПО СООБРАЌАЈКА ВО КОЧАНИ
На 20.09.2024 во 16.46 часот по ОВР Кочани било пријавено дека на крстосница од ул.„Скопска“ и ул.„П.Вељанова“ во Кочани, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од В.В(33) од Кочани, удрило во велосипед управуван од малолетник од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во болницата во Кочани. Увид…
КОЧАНЧАНЕЦ УЧЕСНИК ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ СЕЛО ДОЛНИ БАЛВАН
На 20.09.2024 во СВР Штип било пријавено дека околу 20.06 часот на магистралниот пат Кочани – Штип, во с.Долни Балван, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.П.(20) од Кочани и патничко возило „шкода фабиаа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.П.(19) од Велес. Во несреќата…
ЗЛАТЕН МЕДАЛ И НАЈСИЛЕН МАСТЕР СО ПОДИГНАТИ 210 КИЛОГРАМИ ЗА ЛАЗАР ЗАХАРИЕВ НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО
Лазар Захариев не престанува со освојувањето на најсјајните медали од големите натпреварувања. Тој во Pawerlifting bench press категоријата го освои златниот медал на Балканското првенство што се одржува од 20-21.09.2024 година во Братмиловци (Лесковац – Република Србија). Воедно Захариев со подигнати 210 килограми убедливо го освои првото место и во најсилниот Мастер. По неколкудневна пауза…
ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ „ПО ПАТЕКИТЕ НА ОРИЗОТ“
Во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност и Меѓународниот ден без автомобили денеска се одржа и велосипедската тура „По патеката на оризот“, на која годинава беа промовирани четири нови електрични велосипеди наменети за општинската администрација, што претставува пилот-проект од проектот „Зад урбаното“, финансиран од ЕУ-програмата URBACT. Традиционално, учесниците на овој настан возат на…
КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ
По повод Европска недела на мобилност и Меѓународниот ден без автомобили, денеска во Градскиот парк во Кочани се одржа едукативен настан со ученици од кочанските основни училишта. Ученици од одделенска и предметна настава настапија на велополигон и ги подобруваа велосипедските вештини и знаења, а дел твореа со лего-коцки на тема: Како сакам да изгледа мојот…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ЖЕТВАРИТЕ“ ГОСТУВААТ ПОД ИСАРОТ
По пауза од две седмици во Недела со почеток во 15:00 часот продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига. На програмата требаше да биде 04 коло, но поради големиот пропуст и подзаборавеноста во ФФМ дека во терминот на 04 коло треба натпревар да одигра Аматерската Репрезентација на Македонија, во Недела на програмата ќе бидат натпреварите од…