Денеска, во Градскиот парк во Кочани, се одржа предновогодишна забава со омилените детски ликови Биби и Боби. На настанот присуствуваа деца и родители, кои уживаа во веселата програма и празничната магија.

Со многу смеа, забава и позитивна енергија, Градскиот парк во Кочани беше исполнет со убава, претпразнична атмосфера, носејќи радост и новогодишно расположение кај најмладите и нивните семејства.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
