БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ – НАСТАНИ ПО ПОВОД 8-МИ МАРТ

март 6, 2023
1 минути

По повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани организира два културни настани.

Најпрвин на 07 Март со почеток во 18:00 часот е настанот „Жената и уметноста“ што воедно е претставување на м-р Марија Допчева преку нејзините две збирки поезија „Отпуштање“ и „Бакната“ како и Изложба на рачно изработени накити од полимерна глина.

Ден подоцна на 08. Март со почеток во 12:00 часот е литературното читање од членови на ЛК „Копнеж“ од Кочани, кое ќе биде посветено на жената, мајката, пријателката.

С.  Ивановски