„НОВОГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ“ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ И НА ОТВОРЕН ПРОСТОР, МЕЛЕМ НА ДУШАТА

декември 31, 2022
1 минути

Годинешната културно-забавна програма организирана во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани како дел од ,,Новогодишен базар“ беше полн погодок.

Целата организација беше на високо ниво, а групите на ученици од училиштата и од градинките допринесоа многу посетители да бидат радосни и насмеани. Таа убавина не можеше да се случи без учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани.

Три дена учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани на своите сограѓани им приредија една убава забава, забава која иако на отворен простор, на крајот на оваа турбулентна година беше убав мелем на душата.

Во недостаток на соодветна сала за одржувањето на овој сега веќе традиционален и доста популарен „Новогодишен концерт“ учениците имаа хорски настап бидејќи немаше простор каде да се постави оркестарот.

Иако вака настапија, сепак оставија силен впечаток пред големиот број на посетители кои просторот во „Паркот на Револуцијата“ го исполнија до последното слободно место.

Со порака за Среќна нова 2023 година, продолжуваме понатака.

С.  Ивановски