На една седмица пред одржувањето на Меморијалниот турнир во борење „Легендите на Спартак“ четири борачи на „Спартак“ заминаа на тридневни подготовки во Софија (Бугарија).
Даријан Павлев, Павел Темелков, Илија Иванов, и Мартин Цветков заедно со претседателот на клубот Зоран Сребренов сместени во Кампот „Тренирај со шампионите“ тренираат под будното око на прославениот Бугарски борач Радослав Велинов, некогашниот Светски шампион и освојувач на бронзен медал од олимпијадите.
Ова е убава можност младите и доста надарени борачи на „Спартак“ добро да се подготват пред турнирот, но и да навлезат подлабоко во тајните на борењето.
Со доста работа и постојан тренинзи се создаваат шампионите.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ