ПОВИК ДО СИТЕ МЛАДИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

мај 30, 2022
1 минути

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија започна со имплементација на проектот „Гаранција за млади“во рамки на кој им се овозможува на младите лица од 18 до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (NEET), да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат своето образование или да бидат вклучени во некоја од активните програми и мерки за вработување, во период од 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица во Агенција за вработување.

Постојат повеќе вакви мерки, меѓу кои:

  • Поддршка за самовработување – наменета за лица кои сакаат да започнат свој бизнис;
  • Стручни обуки според барања на работодавците;
  • Обука за побарувани занимања;
  • Обука за возачи за Ц и Д категорија;
  • Обуки за напредни ИТ вештини;
  • Мерка Практиканство и други.

Гаранцијата за млади започнува со мерките за активација на младите лица кои за првпат се евидентирани како невработени лица – активни баратели на работа.

Активностите вклучуваат групно и индивидуално советување; обезбедување услуги за помош при барање работа; мотивациски обуки; вклучување во некоја од мерките за интеграција на пазарот на трудот (вработување, образование и мерки за обука).

Доколку сакате да се вклучите во активностите од овој проект, или за било какви други информации обратете се кај лицето Ирена Мирчовска, теренски работник за општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, на тел.071272024.