ЦВЕЌЕ ЗА БИСТИТЕ НА КОИ НЕ ИМ СЕ ЧИТА НИТУ ИМЕ НИТУ ПРЕЗИМЕ

октомври 11, 2024
1 min read

Денешниот празник 11 Октомври, денот на Македонското востание од вре,ето на НОБ беше одбележан со положување цвеќе на „Споменикот на слободата“ и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во „Паркот на Револуцијата“ а делегација на „Титовите сили“положи  и на споменикот на Никола Карев.

Тоа е за нас кои сме од Кочани и си ја знаеме нашата историја и знаеме чии се бисти се во „Паркот на Револуцијата“, но ако некој случаен посетител на Кочани се приближи до бистите на Љупчо Сантов и Раде Картовче нема да може да прочита за кои борци се работи бидејќи буквите одамна ги нема а веќе две години наназад нема кој тоа да организира за да се среди.

Важно се положи цвеќе и ќе има оправдување пред граѓаните дека еве ги почитуваме и одбележуваме  празниците, а за останатото кому му е гајле.

Срамота.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ