ОД ПОЛНОЌ ЗАПОЧНУВА ИЗБОРНИОТ МОЛК

мај 6, 2024
0 минути

На лидерите на партиите, носителите на листите во изборните единици како и кандидатите за пратеници им остануваат уште десетина минути да го кажат и ветат она што случајно не го кажале за време на кампањата.

Само уште толку време им останува бидејќи од полноќ започнува изборниот молк.

Инаку во Среда (08.Мај) во Македонија населението со право на глас ќе одлучи кој ќе биде идниот Претседател на Македонија и кои пратеници ќе ги застапуваат во Собранието на Република Македонија.

Изборните места ќе бидат отворени во Среда во 07:00 часот кога гласањето започнува а кутиите ќе бидат затворени во 19:00 часот.

Инаку гласањето ќе започне утре (Вторник) кога своето гласачко право ќе го искористат болните и немоќните лица. Тие ќе бидат посетени од членови на избирачките одбори за да гласаат во домашни услови.

Според ДИК утре за Претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни и немоќни лица а за Парламентарните избори 11.225.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ