ДАРИЈАН ПАВЛЕВ НЕЗАПИРЛИВ НА ГОЛЕМИТЕ НАТПРЕВАРУВАЊА, ПИЕДЕСТАЛОТ РЕЗЕРВИРАН ЗА НЕГО

Во Спорт
мај 5, 2025
1 минути

Даријан Павлев член на Боречкиот Клуб „Спартак“ од Кочани незапирливо граби кон нови достигнувања на големите натпреварувања. За период од месец и половина Даријан Павлев освои се што може да посака еден млад натпреварувач.

Серијата на поголемите натпреварувања ја започна на Државното Училишно Првенство кога во Штип  убедливо го освои првото место. Потоа дојде големиот Меѓународен турнир „Злати Динев“ кој се одржа во Галабово (Република Бугарија) каде Павлев без ниту еден загубен поен убедливо го освои првото место и заслужено ја понесе титулата „Најдобар странски борач“. Следуваа Државите првенства“ У-17 и У-15 на кои Даријан Павлев ги освои првите места и се закити со титулата „Државен првак во У-17„ и „Државен првак во У15“.

Добрата форма овој млад и перспективен борач, ја потврди на штотуку завршениот голем Меѓународен турнир „Ахилеа“ што се одржа во Лариса (Грција) каде како член на Репрезентацијата на Македонија У-15 во поединечна конкуренција го освои второто место а во екипна првото.

„Задоволен сум од мојот настап на овој голем турнир во Лариса. Во една мошне силна конкуренција во мојата категорија го освоив второто место. Имав 4-борби од кои три победив, но за жал и еден пораз, оној во финаалето. Најпрвин извојував  убедлива победа над претставникот на Албанија кој го совладав со 10-0, потоа на ред дојде еден од двајцата грчки претставници кој исто така без загубен поен го совладав со  13 -0,. Претставникот на Молдавија се покажа како жилав противник кој сепак повторно без загубен поен го совладав со 6:0. Поразот дојде од другиот претставник на репрезентацијата на Грција кој ме совлада со  10-0  Овој турнир за мене  беше едно добро и големо искуство кое се надевам дека ќе ми користи пред претстојните Европски првенства У-17 и У15, како и пред Балканското првенство. Не застанувам овде, ќе продолжам уште повеќе да работам за да можам досегашните добри резултати да ги потврдам и на некое од следните големи првенства“ беше изјавата на Даријан Павлев по враќањето од Грција.

И што после оваа сеија на успеси да кажеме за еден млад натпреварувач пред кого стои една блескава иднина, освен да му посакаме добро здравје и остварување на сите негови соништа.

Даријан, одиме понатака.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ