Во организација на Џуди Федерацијата на Северна Македонија во неделата Кавадарци беше домаќин на „Државно првенство за деца и пионери“.
Џудо Клубот „Гладијатор“ од Кочани на првенството учествуваше со 11 натпреварувачи кои на крајот освоија 9 медали.
Првото место го освоија Матео Станоев и Габриел Станоев, второпласиран е Томислав Ристов, додека на третото место на пиедесталот се искачија Марко Максимов, Милан Станоев, Ефтим Атанасов, Андреја Стојанова, Наталија Лазарова и Дамјан Митев
Без медал останаа Лукас Георгиев и Петар Новков.
С. Ивановски