Денес станарите од двете згради во населбата „Недопирливи“ покажаа како сите треба да се однесуваме за да ја сочуваме животната средина.
Масовно излегоа и ја исчистија целата околина од она што не требаше овде да се најде. Го исчистија просторот околу зградите, патеката која води кон ПД „АСНОМ“ а го обележаа и паркинг просторот за да има некој ред кога ќе си ги паркираат своите возила.
Потег за почитување но и урнек за останатите жители на Кочани не само од зградите, туку и од индивидуалните куќи како да одвојат некој дем во месецот да излезат и да си ја исчистат околината а не да чекаат некој друг тоа наместо нив да го направи.
С. Ивановски