ДОБРО Е КОГА ЌЕ СЕ СЛУШНЕ ГЛАСОТ НА НАРОДОТ

октомври 31, 2022
1 min read

Граѓаните реагираа, а надлежните во општината го слушнаа нивниот глас и веќе реагираа.

Имено детскиот парк кој се реновира а се наоѓа на северниот дел од „Летната сцена“ предизвика неколку реакции кај народот, постари архитекти реагираа со цел да се отстранат недостатоците од кои можеше да се има само штета а никаква корист.

Денес првата од таквите реакции почна да се санира. Еден од влезовите и излезите на детскиот парк беше на само метар оддалечен од една од најфреквентната улици во градот „Кеј на револуцијата“. И за да не се случи дечињата во својата игра да се подзаборават и да истрчаат на улицата, денес тој влез и излез е веќе минато.

Сега останува да се среди и второто нешто на кое исто така се реагираше, а тоа се зашилените делови од дрвената ограда. Ако денес се затвори лошо поставениот влез-излез надежта пости дека и зашилените делови од оградата ќе добијат друг формат што нема да биде опасен за дечињата.

С. Ивановски