ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „ОСОГОВО“ НА ЖЕШКИОТ ТЕРЕН ВО КАРБИНЦИ

Во Спорт
октомври 28, 2022
1 минути

Во Недела со почеток во 13:00 часот се играат натпреварите од 8-то коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Лидерот на табелата „Осогово“ гостува на жешкиот терен во Карбинци каде ќе ги пречека истоимената екипа. Во Свети Николе се игра дерби на колото, третопласираното „Овче Поле“ ја пречекува второпласираната „Тиверија“.

Во Делчево гостуваат „рибарите“ од Дојран, а во Чешиново екипата на „Победа“. Пробиштип ќе му биде домаќин на фенерџијата од Богданци, додека во Граско Балдовци гостува „Малеш“.

Двојки  од 08  коло:

„Карбинци“ – „Осогово“

„Ак. Чешиново-Облешево“ – „Победа (В)

„Овче Поле“ – „Тиверија“

„Рудар“ – „Вардарски“

„Брегалница“ (Д) – „Дојранско Езеро“

„Спартмани“ – „Малеш“

С.  Ивановски