Во Сабота со почеток во 17:00 часот се крева завесата во Втора Фудбалска Лига за натпреварувачката 2023/2024 година.
По една година помината во третата лига „Осогово“ им се врати на натпреварите во второлигашката конкуренција и веќе на премиерата пред своите гледачи го дочекува еден од фаворитите за највисок пласман „Беса“.
Фудбалската Федерација на Македонија денес ги одреди судиите кои ќе ги судат натпреварите од првото коло во Втора Фудбалска Лига.
Во Кочани, на стадионот „Никола Мантов“ почетокот на натпреварот ќе го означи Доне Ристовски од Гевгелија, а негови помошници ќе бидат Зоран Ангелов од Неготино и Александар Ајдаров од Велес. Четврти судија е Миле Лазов од Велес. За делегат на натпреварот е делегиран Ангел Ташев од Неготино а контролата му е доверена на Горан Спиркоски од Прилеп.
На останатите средби фудбалската правда ќе ја делат:
Башкими – Охрид – Влатко Илиоски (Прилеп)
Победа – Тетекс – Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
Беласица – Пелистер – Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Новаци – Аресими – Александар Василевски (Скопје)
Каменица Саса – Скопје – Фатмир Бафто (Охрид)
Детонит Плачковица – Вардар (Н) – Дејан Младеновски (Скопје)
Кожув – Караорман – Јосип Бартон (Скопје)
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ