„Денот на шегата“ кој децата со голема радост го очекуваа не се реализира како што тие го замислуваа, на отворено, на платото во Градскиот трговски центар и со дефиле низ улиците на градот, туку истиот го прославија во училиштата, во училишните дворови, во салите.
Научени во последните две-три декади на едно големо „ЌЕ“, е причината што наместо денешниот ден да биде карневал на гардеробата, на распеаност, на насмеани лица, денес беше дена само за најблиските, за родителите, роднините и пријателите.
Денес големото „ЌЕ“ најавуваше дожд а дождот до 17:00 часот никаде го немаше.
Но добро е што сепак дечињата она што со месеци го сонуваа имаа барем пред некого да го покажат.
С. Ивановски