ДОЖДОВИТЕ СЕ САМО ЕДЕН ОД НЕКОЛКУТЕ ПРОБЛЕМИ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

јуни 15, 2022
1 минути

Една објава на социјалните мрежи беше причината да ја посетиме клучката на улицата „Бел камен“ со „1-ви мај“ во Кочани за да ги осознаеме проблемите со кои се соочуваат нејзините жители.

Од разговорот дознаваме дека навистина имаат проблеми и дека чекаат некој да се сети на нив за да истите им бидат решени. Како што истакнаа тие се интересни за политичарите само за време на избори а откако ќе се сé заврши сите забораваат на ветеното.

Проблемите навистина имаат многу, од неисчистената околина околу каналот која од ден на ден некои несовесни граѓани ја претвораат во депонија, големите и високи грмушки до самата улица, недовршената инфраструктура, се до проблемот кога ги има дождовите посебно ваквите како што беа деновиве.

Е тогаш им е како што истакнаа најтешко. Водата од ридовите се слева на нивната улица и често ги поплавува дворовите. Одводот што ја собира атмосферската вода е премал па затоа таа и се разлева по улицата и по дворовите често можат да се забележат дури и фекалии.

Не бараат многу туку едноставно апелираат до надлежните да направат напори да ја средат околината околу каналот, да се направат напори да се собира поголема количина атмосферска вода во одводите се со цел и тие да бидат ставени во исти ранг со останатото население во градот.

С. Ивановски