ДПД – КОЧАНИ ОБЕЗБЕДИ ВОЗИЛО ЗА ИНТЕРВЕНЦИИ

септември 12, 2022
1 min read

Во пресрет на првиот роденден ДПД (Доброволно Противпожарно Друштво) од Кочани доби неочекувано убав подарок. Со посредство на колегите од противпожарното друштво Тужно кај Вараждин (Република Хрватска) обезбедено е возило за интервенции.

Инаку ова е прво возило кое ќе биде под ингеренции на ДПД – Кочани.

Откако го комплетираа кадарот, ги средија просториите, добија материјални и технички потреби за гаснење пожари и интервенции во вонредни услови, еве сега со новото возило почнаа полека но сигурно да се комплетираат.

Во сабота волонтерите од ДПД – Кочани со 12. часовна културно-уметничка програма ќе ја одбележат првата годишнина од основањето.

Одбележувањето на првиот роденден ќе почне од 15 часот и ќе трае во текот на попладнето и вечерта.

С. Ивановски