„ДРАГАНИЦА КУП“ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ВО ВИТРИНИТЕ НА „ОСОГОВО“

март 6, 2022
1 min read

По студено време проследено со ситен дожд денес во кочани на стадионот „Никола Мантов“ се одржа 16-тото издание на традиционалниот меморијален турнир „Драганица Куп“ организиран во чест на кочанската фудбалска легенда Драган Михајлов – Драханица.

На  учесниците на турнирот им се обрати Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов кој воедно турнирот го прогласи за отворен.

На турнирот ушествуваа четири екипи: „Каменица Саса“ (Македонска каменица), „Слога 1934“ (Виница), „Детонит јуниор“ (Радовиш) и домаќинот „Осогово“ (Кочани).

Во првото полуфинале „Осогово“ ја совлада „Слога 1934“ со 3:0 (1:0) а додека во второто „Детонит јуниор“ ја декласира „Каменица Саса“ совладувајќи ја со 5:0 (3:0).

Во малото финале „Слога 1934“ – „Каменица Саса’  3:0 (1:0), а

Во Финалето „Осогово“ – „Детонит јуниор“ 2:0 (1:0).

По завршувањето како шо е редот беа прогласени најуспешните:

  1. ГФК „Осогово“ (Кочани)
  2. ФК „Детонит јуниор“ (Радовиш)
  3. „Слога 1934“ (Виница)
  4. „Каменица Саса“ (Македонска Каменица)

Најдобар голман: Александар Стоименов (Осогово)

Најдобар играч: Филип Јованов (Осогово)

Најдобар стрелец: Костадин Василев (Детонит јуниор)

Беа доделени признанија и на судиите кои ги судеа натпреварите како и на медиумите за нивното присуство на турнирот.

С. Ивановски