ДВА ПОГОЛЕМИ ПОЖАРИ ВО КОЧАНСКО

март 25, 2022
0 минути

Два поголеми пожари се случија денес во кочанско при што е направена поголема штета.

Најпрви утринава во 09:30 во ТППЕ била стигната дојава за пожар во близина на Безиково. Горела дабова шума, прнар и трева а пожарот зафатил површина од околу 10 хектари.

Попладнево избувна пожар во близина на депонијата. Иако првично објавивме по дојавите на граѓаните дека депонијата е разголена подоцна стигна вистинската информација.

Околу 16:30 часот во ТППЕ – Кочани пристигнала дојава за пожарот. Пет пожарникари и пет доброволци од Доброволното противпожарно друштво од Кочани со три возила го гаснеле пожарот и успеале потполно да го изгаснат. Пожарот бил во правец на селото Црвена нива  а на неколку хектари е изгорено бор, трева и нискостеблеста шума.

С. Ивановски