Во организација на БК „Бучим“ денес во Радовиш се одржа Меѓународен турнир „Трофеј шампиони – борачки легенди“.
Боречкиот клуб „Спартак“ од кочани на турнирот учествуваше со борачи во машка и во женска конкуренција.
Единствените две медали ги освоија девојчињата додека момчињата во своите категории се пласираа сите на петто место.
Генерација 2009/2010 – (девојчиња)
Славица Митева – II место, категорија до 50 килограми;
Стојана Митева – III место, категорија до 50 килограми.
Генерација 2007/2008 (момчиња)
Јован Илиев – V место, категорија до 44 килограми
Генерација 2010/2011 (момчиња)
Мартин Цветанов – V место, категорија до 41 килограм
Генерација 2012.2013 (момчиња)
Христијан Стоилов – V место, категорија до 35 килограми.
С. Ивановски