Членовите на Планинарскиот Спортски Клуб „Осогово“ од Кочани, во неделата на 06.10.2024 спроведоа еколошка акција на локалитетот на Пониква.
Собрана е поголема количина отпаден материја кој наместо да биде собран во ќеса и излетниците да го фрлат онаму каде што треба, тие едноставно го расфрлале по природата.
„Собравме многу отпад оставен- фрлен од сите нас. Апелираме до сите граѓани и до сите минувачи да не го фрлат ѓубрето дека им текне,туку како што донеле така и празните кесиња, шишиња да соберат и да си ги вратат назад во најблискиот контењер да ги стават, а не кај што им текне“ апелираат од ПСК „Осогово“ – Кочани.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ