ВРЕМЕ КОГА ОД НАЈЧИСТ, КОЧАНИ СТАНА НАЈЗАГАДЕН ГРАД

ноември 7, 2021
1 минути

Фотографиите кои утринава ни ги испрати наш читател ја отсликуваат реалноста на Кочани, град кој во лошото едноумие важеше за еден од најчистите градови во државата, а денес во убавиот плурализам за еден од најзагадените.

Залудни се и пишувањата, залудни се и протестите кога некој „мува не го лази“ си тера тој како што замислил, но како и што некој му дозволил.

Најголемиот загадувач „Пејпер Мил“ никако да престане да чади и да го трови населението. Денешните фотографии јасно покажуваат каде се таложи тој чад и каде се истиот простира.

Се додека сите сме загрижени за нашето здравје а и за здравјето на нашите поколенија и тоа исклучиво преку социјалните мрежи вака ако не и полошо ќе биде.

Време е некој еднаш да седне со тие газди и да го реши проблемот, бидејќи незадоволството кај народот од ден на ден е се поголемо и постои опасност дека токму народот ќе ја земе судбината во свои раце.

За да не дојде до такви несакани дејствија се апелира до сопствениците на „Пејпер Мил“ еднаш за секогаш да си ги решат сами проблемите кои тие последните 3-4 години ни ги наметнаа.

С. Ивановски