По повод Светскиот ден на планетата Земја, во саботата, Општина Кочани, Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ и КЈП „Водовод“ организираа еколошка акција на потегот од месноста Бавчалук кон езерото Гратче.
Во акцијата иницирана од КПС „Осоговски орел“ учествуваа ученици од основни училишта, кои со другите учесници ја расчистија пешачката патека и го собраа оставениот отпад од летниковниците на овој потег.
Меѓународниот ден на планетата Земја, 22 Април, се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, за да се сврти вниманието на јавноста за значењето на зачувувањето на животната средина.ж
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ