На покана од страна на Националната Координаторка во Министерството за труд и социјална работа на Црна Гора, а воедно драга пријателка на Ансамблот, Буда Џуканович, нашиот Ансамбл беше како посебен гостин од регионот да присуствува и да земе учество во културно-уметничката програма на отварање на најголемиот во регионот Дом за стари лица во општина Никшич во вредност околу 5 милиона евра, заедно со збратимениот Ансамбл од Бијела, Херцег Нови, од Игало, Подгорица и Рожај.
На овој настан приствуваа министри, шефови на делегации, претставници на Развојна Банка на Советот на Европа, како и наши делегации од општините Кочани и Зрновци кои имаа дополнително средби со градоначалниците на Цетиње и Подгорица.
Слободното време го искористивме за прошетка низ убавините на Никшич и до Манастирот во Острог.
Ансамблот продолжува да биде репрезент на изворниот фолклор и да биде мост на поврзување на општините Кочани и Зрновци со општините од странство.
Поканети на овој настап беа и градоначалниците и претседатрлите на советите на општина Кочани и Зрновци. Градоначалникот на општина Кочани од оправдани причини не беше присутен.
Претседателот на советот на општина Кочани заедно со градоначалникот и претседателот на советот на општина Зрновци имаа работни состсоници со заменикот градоначалникот на општина Цетиње и со претставници на главниот град на Црна Гора, Подгорица.
ФА „Љупчо Сантов“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ