Се играше 84’ од натпреварот кога Христијан Крстов одлично се проби по левата страна, уште поубаво нафрли а на топката натрча младиот Филип Јованов кој со манир на искусен стрелец биеше со глава во небранетиот дел од мрежата на немоќниот Сулимановски. Ова како да беше знак гостите кои речиси повеќе од натпреварот го поминаа на својата половина малку да се подотворат по што во 88’ следуваше контра на домаќините повторно од левата страна, Тоше Манов нафрли а Филип Јованов будно ја следеше акцијата се уфрли пред еден гостински играч и повторно со глава ја затресе мрежата на „Малеш“ со што им ја урна и последната надеж дека непоразени ќе си заминат од Кочани.
А до првиот погодок ниту игра, ниту шанси, ниту фудбал од актерите на натпреварот0. И двете екипи играа во главно меѓу двата шеснаесетника и повеќе грешеа во додавањата отколку што организираа било каква акција кон противничкиот гол. Домаќините имаа можност да постигнат погодок кон средината на првото полувреме но ударот на Стефан Стојановски беше непрецизен, а гостите единствено се заканија во финишот на првото полувреме но Симон Стојковски беше сигурен на голот.
По сончево време гледачите останаа разочарани од она што го видоа а единствено им се радуваа на трите бода кои останаа сепак заслужено во Кочани.
И на другите четири натпревари во 13-тото коло победи извојуваа домаќините па така табелата не претрпе кој знае какви промени.
Резултати од 13-тото коло:
„Осогово“ – „Малеш“ 2:0
„Тиверија“ – „Брегалница сениори“ 2:0
„Карбинци“ – „Дојранско езеро“ 2:1
„Рудар“ – „Спартмани“ 2:1
„Овче Поле“ – „Академија Чешиново-Облешево“ 2:1
Слободна во ова коло беше екипата на „Вардарски“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ