ФК „КАМЕНИЦА САСА“ И ТРЕНЕРОТ КРСТЕ КРСТЕВ СЕ РАЗДЕЛИЈА

јуни 13, 2022
0 min read

Второлигашот од Македонска Каменица „Каменица Саса“ и досегашниот Шеф на стручниот штаб Крсте Крстев се разделија.

„Со новиот Управен одбор на фудбалскиот клуб Каменица Саса не се договоривме за понатамошна соработка што не е ништо ново во фудбалот. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“ ни изјави Крстев во телефонскиот разговор.

Инаку Крсте Крстев на клупата на „рударите“ седна во 18 коло односно коло после поразот на „Каменица Саса“ на домашен терен од екипата на „Братство“ на место на дотогашниот Шеф на стручниот штаб Горан Гоцевски.

С. Ивановски