ГФК „ОСОГОВО“ ГИ ПУШТИ ВО ПРОДАЖБА СЕЗОНАСКИТЕ БИЛЕТИ ЗА НАТПРЕВАРУВАЧКАТА 2024/2025 ГОДИНА

Во Спорт
август 15, 2024
1 минути

Ги информираме сите навивачи дека се пуштени во продажба сезонските билети за претстојната натпреварувачка сезона во Втора Македонска Фудбалска Лига  2024/25 година.

Билетите може да ги набавите во Тобако „АЛМО“  (спроти ВИП салонот) и „Шишко“ во Трговскиот центар.

Цената на сезонскиот билет е 1.000 денари и важи за сите 15 натпревари (есен – пролет) кои ГФК „Осогово“ ќе ги игра на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.

Однапред ви благодариме за поддршката!

Од фудбалерите, стручниот штаб и управата на ГФК „Осогово“ Благодарност и до печатница „Европа 92“ за поддршката во печатењето на сезонските билети

ГФК „Осогово“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ