ГФК „ОСОГОВО“ ГИ ЗАПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД ПРВЕНСТВОТО

Во Спорт
јануари 29, 2023
1 минути

Денес точно во 14:00 часот онака како и што беше најавено играчите на ГФК „Осогово“ ги започнаа подготовките за пролетниот дел од првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Осумнаесет играчи предводени од тренерите Ефтим Аксентиев и Јоже Јованов излегоа на теренот за да го одработат првиот тренинг.

„Денес официјално започнаа подготовките на ГФК Осогово за пролетниот дел од сезоната. Во наредните 30-40 дена колку што има до стартот на првенството планирано е да се работи на стадионот Никола Мантов а во план е и одигрување на неколку контролни натпревари. Екипата ја напуштија Филип Донев, и Јован Дојчинов  кои заминаа во нова средина а и Андреј Коцевски замина за Германија. Сепак се потрудивме да донесеме соодветни замени како не би се почувствувало нивното отсуство. Засега нови играчи се Марио Митрев кој доаѓа од редовите на Слога 1934, Марио Крстов кој веќе има настапувано за Осогово во второлигашката конкуренција, како и Тодор Апостолов кој доаѓа од екипата на Чешиново Во преговори сме со уште 2-3 играчи но кога ќе се завршат преговорите ќе ги дознаете имињата.  За време на подготовките договорени се досега три контролни натпревари, со второлигашите Детонит и Каменица Саса како и со младинскиот состав на Академија Пандев а во преговори сме за одигрување натпревари и со уште некои третолигаши.  Амбициите на клубот се јасни, имаме добра предност од шест бода која треба да биде доволна за освојување на првото место и експресно враќање на Осогово во втората фудбалска лига, онаму каде и што му е местото“ беше изјавата на Перо Георгиевски – претседател на ГФК Осогово.

Според зборовите на Шефот на стручниот штаб на „Осогово“ Ефтим Аксентиев ќе се тренира најпрвин на физичка подготвеност на играчите а следува и техничко тактички дел како и тренинзи со топка за да на крајот се финишира со одигрување на неколку контролни натпревари.

Освен на терен играчите на „Осогово“ ќе работат и во теретана која со големо залагање на Здружението на граѓани „Никола Мантов“ од Кочани пред извесен период беше отворена во подтрибинскиот простор на стадионот „Никола Мантов“.

С.  Ивановски