Пет гимнастичари членови на КГС „Кочани“ учествуваа на пријателски гимнастички натпревар во Благоевград (Република Бугарија) кој го организираше гимнастичкиот клуб „Љупчо Солачки“ од Благоевград.

Бисера Лазарова и Мелани Постолова во женска конкуренција, како и Матеј Постолов, Лука Естатиевски и Максим Петров во машка конкуренција под водството на тренерот Благој Каров заедно со гимнастичарите од домашниот гимнастички клуб „Љупчо Солачки“ и гимнастички клуб „Гераниум“ од Софија ги покажаа сите убавини на овој атрактивен спорт.

Гимнастичарите од КГС „Кочани“ имаа мошне добар настап за што од домаќинот, организаторот на натпреварот добија медали.

„Најпрвин би сакал да ја искажам својата благодарност до домаќините за поканата и за прекрасната организација. Ние како клуб настапивме со две гимнастичарки и три гимнастичари кои покажаа и докажаа дека Кочани од секогаш имал добра гимнастика. Со овој настап затвораме една успешна година во која според можностите и условите кои ги имаме мораме да бидеме задоволни. Од следната година продолжуваме кон нови успеси“ беше изјавата на Благој Каров – тренер во КГС „Кочани“.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
