Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов вечерва ги посети кошаркарите на „Баскет Дино“ кои ги одработуваа тренинзите пред почетокот на новата кошаркарска сезона.
Од клубот истакнаа дека изминатите денови имале поднесено барање до општината за користење на школскиот автобус на некои релации, за доделени термини во салата на екипи вон нашата општина а ги информирале надлежните и за проблемите со паркетот во салата кој поради обилните дождови и влегувањето на вода во салата малку се деформирал.
При вечерашната посета Градоначалникот на лице место ги видел некои од проблемите а на заминување на кошаркарите на „Баскет Димо“ им посакал успешна сезона и достојно претставување на кочанската кошарка.
С. Ивановски