Градоначалникот на Општина Лајонс од Илиноис (САД) Кристофер Гети вчерашниот престој во Кочани околу потпишувањето на меморандумот за партнерство на Општините Лајонс и Кочани го искористи и да ја посети Територијалната Противпожарна Единица – Кочани.
При посетата гостинот се сретна со Командирот на ТППЕ – Кочани Драганчо Апостолов кој воедно го запозна со работата на едно од најстарите противпожарни друштва во Македонија.
Градоначалникот Кристофер Гети исто така оствари средба и со членови од Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани и сите заедно го разгледаа возниот парк со кој располагаат ТППЕ – Кочани и ДПД – Кочани.
На крајот од средбата беа разменети и подароци.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ