Постепено но сигурно кај некогашното кафуле „Roxy“ од ден на ден вештачката депонија е се поголема и рака на срце грда за гледање.
Ако поголемиот број од граѓаните своето слободно време го поминуваат во Градскиот Трговски Центар, сликата што секојдневно ја гледаат сакале да признаеле или не, и грда.
Луѓето дефинитивно се навикнати да фрлаат што каде ќе им текне па невкусно би било кога само би ги повикувале одговорните од комуналното да дојдат и да ја исчистат оваа депонија.
Дознаваме дека некои жители реагирале неколкупати, но нивната жалба останала само пуста желба.
С. Ивановски